ОБСЕ ја предаде стратегијата на медиумскиот етички совет да започне со активностите

Од:

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска ја предаде двегодишната стратегија и акцискиот план на новоформираниот Совет за етика во медиумите (CEМM).

„Со оваа стратегија е поставена основата за работа на CEМM како саморегулаторен механизам”, изјави Мијатовиќ. “Успешното спроведување на стратегијата сега во голема мера ќе зависи од целосната поддршка од сите медиуми во земјата. Верувам дека CEМM ќе имаат несебична поддршка од целата медиумска заедница“.

Стратегијата е резултат од двете работилници во јули и октомври оваа година, со претставници на Канцеларијата на Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, независниот експерт Дитер Лорејн, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и CEМM. На овие работилници се работеше на статутот на CEМM, Етичкиот кодекс, работните структури на организацијата и жалбената процедура, како и двегодишниот буџет потребен за телото да ја започне својата работа.

„Мисијата го поддржува овој процес од самиот почеток и ние веруваме дека активностите на CEМM ќе придонесат за подигнување на медиумските стандарди на долг рок”, рече амбасадорот Ралф Брет, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта е CEМM да функционира како саморегулаторно тело, независно од медиумите и од власта, како и да ги унапредува и штити професионалните стандарди и етиката во новинарството, додека непристрасно и ефикасно ги разгледува жалбите на граѓаните.

Следен чекор е CMEM целосно да ја усвои стратегијата и акцискиот план и да и ги претстави на јавноста. Граѓаните исто така ќе добијат и детални упатства за тоа како да се жалат во случај на прекршување на новинарската етика.

„Јас со нетрпение очекувам да продолжам да работам заедно со властите во Скопје и граѓанското општество во земјата, на теми поврзани со прашањето за слободата на медиумите”, изјави Мијатовиќ.

 

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, го следи развојот на медиумите во сите 57 земји-членки на ОБСЕ. Таа алармира во ситуации  на кршење на слободата на изразување и слободата на медиумите и промовира целосна усогласеност со обврските на ОБСЕ за слобода на медиумите.
Дознајте повеќе на www.osce.org/fom, Твитер:@OSCE_RFoM и
facebook.com/osce.rfom.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски