Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, се вели во дописот за јавноста од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
„Овој инцидент е уште еден потсетник за сајбер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации“ нагласуваат од ОБСЕ.