ОБСЕ ги поздрави напорите на власта во борбата против трговијата со луѓе

Од:

Специјалниот претставник на ОБСЕ и координатор за борба против трговија со луѓе, амбасадорката Мадина Јарбусинова, по завршувањето на четиридневната посета на земјата ги пофали властите во земјата, кои со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вложија особени напори во борбата против модерното ропство, соопшртија денеска од оваа меѓународна организација.

За време на посетата Специјалниот претставник имала средби со владини претставници, како и со претставници на невладини и меѓународни организации.

– Ги поздравувам напорите на Владата за хармонизирање на националната правна рамка во согласност со меѓународните стандарди, истакнала амбасадорката Јарбусинова.

Би сакала, посочила Јарбусинова, да ги охрабрам властите да продолжат со работа на раната идентификација на жртвите, особено оние кои припаѓаат на ризичните групи.

– Овој процес треба да ги вклучи сите засегнати страни, како што се трудовите инспектори, граничната полиција и невладините организации, коишто многу често се меѓу првите кои стапуваат во контакт со потенцијалните жртви, истакнала таа.

Јарбусинова ја поздравила и желбата на Владата да формира Државен фонд за надоместок, кој, смета таа, претставува клучен дел од процесот на рехабилитација на жртвите. – нСредствата заработени преку криминал може да се одземат, конфискуваат и да се искористат за компензација на овие жртви, вели амбасадорката Јарбусинова.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов