ОБСЕ донира компјутери и монитори на МВР

Од:

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во просториите на Министерството за внатрешни работи прими донација од 18 „HP“ десктоп компјутери и 18 „HP“ монитори  од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Донацијата ја предаде Виктор Соцки, в.д. раководител на Отсек за развој на полиција при Мисијата.

Оваа донација, како што соопштија денеска од МВР,  е дел од поопшта заедничка активност, спроведена согласно договорениот список на активности извршени во рамки на Унифицираниот буџет на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2016 година, која, како што се вели, цели кон институционално зајакнување на капацитетите во рамки на структурите на МВР во областа на криминалистичка анализа и споделување разузнавачки информации.

– Заедно со досегашните завршени активности од Националната и регионална проценка на закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), оваа активност го надополнува и придонесува за идниот модел на Полициска работа водена од разузнавање во земјата, стои во соопштението од МВР.

Оваа активност е уште еден пример на плодната и ефективна соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ и МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби