“Момче на возрасто од 22 до 23 години беше донесено кај нас во тешка општа состојба со проширени зеници, без пулст и обилно крварење, особено во предолот на левата препона. Направена е реанимација, а со помош на колегите од „Филип Втори“, е направена реконструкција на аортата. Сега е во стабилна состојба, но приклучено е на апарати“, информира Д-р Јасмин Цири Вири.
Вториот повреден во инцидентот, имал мал излив на црниот дроб и контузии на стомакот, грбот и вратот, но се наоѓа надвор од животна опасност.
Татко и син рано утрово беа избодени со нож. Инцидентот се случил , при расправија со неколку засега непознати лица во скопската населба Ѓорче Петров.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу седум часот кога настанала расправија меѓу татко и синот и уште неколку лица од друга страна на пазарот во Ѓорче Петров.