Обновен Жена парк во Тетово

Од:

Во Тетово денеска е пуштен во употреба обновениот Жена парк, кој се наоѓа во близина на автобуската и железничката станица. Инвестицијата изнесува 10 милиони денари.

Според градоначалничката Теута Арифи, денешната активност е продолжување на филозофијата на локалната власт за зачувување и проширување на зелените уредени површини низ општината.

– Тетовци имаа многу лошо мислење за овој парк во минатото бидејќи беше целосно запоставен, но сега со инвестиција од околу 10 милиони денари заеднички средства на општината, Бирото за регионален развој и Полошкиот плански регион добивме поголема обновена зелена површина со разна нова урбана опрема како клупи и реквизити за игра на децата. Овој парк ќе им биде на располагање на граѓаните 24 часа, а ќе биде и за цело време сооведно обезбеден со служба што ќе се грижи и за негово одржување како на реквизитите така и на редот и мирот, рече Арифи.

Одговарајќи на новинарско прашање околу пробивањето на булеварот „Видое Смилевски Бато“ што треба да минува низ дел од спортскиот центар до излезот на градот кај стадионот Арифи рече дека веќе имаат издадено дозвола за градба но оти поради политичката криза во земјата Светската банка од каде е побаран кредит за оваа инвестиција ги има забавено процедурите. – Таму проектот е добро примен и очекувам кредитот да биде одобрен и да започне изградбата на оваа делница што ќе овозможи намалување на сообраќајот особено на тешките товарни возила низ градските улици, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии