Обнова на улици во населбата Баби во Штип

Од:

Во штипската населба „Баби“ почна реконструкцијата на улицата „Кирил Пејчиновиќ“. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Игне Иванов на денешната прес-конференција дека ќе се асфалтираат 3.900 метри квадратни.

– Инвестицијата е околу 730.000 денари без ДДВ. Граѓаните кои живеат на оваа улица ќе добијат нов асфалт и овие ударни дупки кои што ги имавме и со кои имаа проблеми возачите веќе ќе ги немаат, рече Иванов.

Тој најави дека во наредните денови ќе почне и асфалтирањето на локалниот пат до село Кошево во должина од километар, а компанијата „Актива“ работи и на обиколницата, која поминува преку реката Брегалница, а води кон индустрискиот дел на градот.

– Веќе се поставуваат стопите на новиот мост на реката Брегалница, се асфалтира и патот кон Новакова чешма, а ќе се асфалтираат и околу десетина помали улички во населбата „Света Недела, рече Иванов.

Општина Штип има и тендерски постапки и за уште неколку улици во централното градско подрачје, кои треба ад се реализираат до крајот на градежната сезона.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена