Oбнова на ентериерот на галеријата на Никола Мартиноски

Од:

Министерството за култура најави целосна обнова на ентериерот на Галеријата на Никола Мартиноски во Крушево која треба да почне откако ќе биде избрана фирма-изведувач.

– Во објектот каде е презентирано исклучително вредно ликовно наследство создадено од основоположникот на македонската ликовна уметност, до крајот на годината е предвидено ентериерно тековно одржување на ѕидовите, обнова на електричната инсталација, замена на алармниот систем и на металната ограда на приодните скали. Исто така, освен целосната обнова на внатрешноста, предвидено е објектот да биде осветлен со што ќе врати сјајот на овој симбол на градот Крушево, соопшти Министерството за култура.

Се бара решение на проблемот со складиштето за огрев во објектот, како и пренамена на простор во внатершноста кој може да се стави во функција на галериската и музејската дејност. Сите активности имаат  цел да обезбедат соодветни услови за одржување, чување и негување на збирката и делата на Мартиноски, како и на етнолошката збирка во самиот објект.

По повод 110 години од Илинденското востание и од раѓањето на Мартиноски и 40 години од неговата смрт, минатата година со средства на Министерството за култура целосно беше обновена и надворешноста на овој мошне значаен објект.

– Беа реновирани надворешната фасада и столарија, се изгради потпорен ѕид пред галеријата кој овозможи и хортикултурно доуредување на просторот, а со нов одвод спроведена е атмосферската вода од дворот и од покривната конструкција која сериозно ги загрозуваше темелите на објектот, соопшти Министерството.

Би можело да ве интересира

Повикот за творби на тема „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ отворен до 10 јуни

А1он

„Калдрма-матине“ во Сули ан

Ана Ололовска

Ликовен хепенинг за Меѓународниот ден на Мајката Земја

Ана Ололовска

Почина Љубе Цветановски

Емир Латифовиќ

Тони Михајловски: Протестот е срам за професијата, денес се засрамив од уметноста

Емир Латифовиќ

Актери од турскиот театар против протестот на уметниците

Емир Латифовиќ