Актери од турскиот театар против протестот на уметниците

Од:

На протестот кој го организираат уметниците денеска по повод изгласување на буџетот за 2013, а со акцент на проектите од културата кои не би се реализирале во соопштението до јавноста и до останатите колеги уметници никаде не се споменува изградба или било каква рамка за изградба на националната институција ТУРСКИ ТЕАТАР во Скопје, како предлог за буџетот на Република Македонија во 2013 година.

„Јас лично не го подржувам овој протест за кој мислам дека е политички мотивиран. Се појавив на денешниот протест и побарав одговор од организаторите зашто прашањето за Турскиот театар е намерно или ненамерно испуштено од агендата на овој протест, а селективно се споменати институции кои се во план или веќе се во фаза на изградба“, рече Един Јакубовиќ, актер од Турскиот театар во Скопје во продолжение додава:

Ја поздравувам секоја изградба на секоја културна институција, но не можејќи да најдам одговор од организаторот, во разговор со уметниците кои беа на протестот добив одговор дека раководните лица на театрите во Скопје се организатори на овој протест. Би сакал да нагласам дека дел од тие организатори биле автори на многу успешни проекти во НУ „Турски театар“ Скопје, а денес со нивното игнорирање на проектот НУ Турски театар се однесуваат како оваа институција да не постои и е тотално непродуктивна за македонската уметност и култура.

Сега би сакал да упатам и големо разочарување и прашање до најодговорните претставници на турската заедница во Македонија кои сметам дека се главни виновници за агонијата на Турскиот театар, неговата изградба и иднината.

Почитувано раководство на НУ „Турски театар“ Скопје, министер претставник на турците Хади Незири, пратеник Кенан Хасипи,

Како дипломиран актер и загрижен граѓанин, претставник на турската заедница во Македонија, барам да ми одговорите до кога ќе имаме празни ветувања и пропаднати датуми, лопати и проекти за изградба на новиот објект на НУ „Турски театар“. Веќе четири години директорот на НУ „Турски театар“ Скопје кокетира со јавноста, давајќи ни очигледно до денешен ден, лажни надежи дека тој и неговите поддржувачи во најмалку десет излагања ќе изградат нов театар. Прво тоа беше на почетокот на март 2012, потоа за светскиот ден на театарот 27 март, потоа со извинување нè убедуваа дека ќе биде кон средината на мај, во септември преку еден од медиумите на јавниот сервис, директорот гордо пред крајот на оваа година најави сигурен почеток на изградба на новиот театар.

Само уште една пропадната година за Турскиот театар, разочаран сум од изјавите на овие личности и веќе однапред знам дека следните рокови за почеток на изградба на оваа културна институција ќе се одолговлекуваат и во текот на следната година со празни ветувања. Во текот на овие четири години иако се усвојуваа многу буџети, граѓаните а посебно турската заедница останува без својот културен храм НУ „Турски театар“ Скопје.

Мојата завршна порака до организаторите на овој протест,

Јас лично во 2008 година и неколку мои колеги од Турскиот театар кои имавме различни ставови со директорот на Турски театар бевме дрско избришани и од историјата и од сегашноста на успесите и неуспесите на овој наш почитуван дом. Доколку директорот сметаше тогаш дека ќе не замолчи, со ова отворено писмо и со изнесените аргументи, би сакал да му кажам дека вистината никогаш не може да биде замолчена.

Ќе бевме среќни ако тогаш ја добиевме поддршката од Вас, организаторите на денешниот протест, со цел да ги оствариме нашите мали барања да бидеме дел од успесите на нашиот НУ „Турски театар“ Скопје.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6