Облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Дневната температура ќе достигне до 7 степени.

Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои беа пообилни во втората половина од ноќта. Дуваше умерен, на места повремено засилен јужен ветер, кој во Прилеп достигнуваше брзина и до 45 километри на час.

Минималните температури се движеа од нула во Пожаране, 1 во Ѓуриште, 2 во Крива Паланка, Тетово, Штип и Куманово, 3 во Скопје и Виница, 4 во Демир Капија и Берово, 6 во Битола, Прилеп, Струмица, Гевгелија и Крушево, 8 во Дојран, 9 во Охрид и 10 степени во Претор.

Во изминативе 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу дожд наврна во Пожаране од 48 литри на квадратен метар воден талог, Тетово 39, Виница 36, Крушево 34, Скопје, Охрид, Гевгелија и Ѓуриште 26, Битола 25, Демир Капија 23, Петровец и Прилеп 22, Куманово 21, Штип, Струмица и Дојран 20, Крива Паланка и Берово 16 и Претор 12 литри на квадратен метар воден талог.

Во 7 часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесуваше 35 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Од денеска дожд, петок и сабота со поинтензивни врнежи

Температури до 27 степени денеска, од утре попладне врнежливо