Облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Дневната температура ќе достигне до 7 степени.

Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои беа пообилни во втората половина од ноќта. Дуваше умерен, на места повремено засилен јужен ветер, кој во Прилеп достигнуваше брзина и до 45 километри на час.

Минималните температури се движеа од нула во Пожаране, 1 во Ѓуриште, 2 во Крива Паланка, Тетово, Штип и Куманово, 3 во Скопје и Виница, 4 во Демир Капија и Берово, 6 во Битола, Прилеп, Струмица, Гевгелија и Крушево, 8 во Дојран, 9 во Охрид и 10 степени во Претор.

Во изминативе 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу дожд наврна во Пожаране од 48 литри на квадратен метар воден талог, Тетово 39, Виница 36, Крушево 34, Скопје, Охрид, Гевгелија и Ѓуриште 26, Битола 25, Демир Капија 23, Петровец и Прилеп 22, Куманово 21, Штип, Струмица и Дојран 20, Крива Паланка и Берово 16 и Претор 12 литри на квадратен метар воден талог.

Во 7 часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесуваше 35 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Сончево со температури до 15 степени денеска, од утре дожд

Времето денеска: Облачно со сончеви периоди, на планините ќе провејува слаб снег

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Времето денес облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините снег