Објавено па повлечено првото „кодошко“ досие

Од:

Лустраторите,  попладнево  го обајавија првото „ кодошко“ досие.

Само неколку минути на сајтот на Комисијата стоеше досието на Слободан Угриновски, советник во Град Скопје од партијата Титови леви сили познат под псевдонимот „Ле Корбизје“ .

Веднаш беше повлечено, од технички причини.

Ова повторно ги разгоре несогласувањата во Комисијата за верификација на факти,  за чедомир дамјановски ова е неуставно, а со него  не се согласува Томе Аџиев, претседател на Комисијата.

Комисијата, и претходно утврди, а минатата недела потврди  дека Угриновски соработувал со органите на државната безбедност од 1973 до 1983 година, а во акт на државната служба од 1973 година стои дека „Корбизје“ информирал за акции на арапски командоси, следејќи го лицето под псевдоним Балфур, кој бил студент од Палестина во Македонија.

Покрај Угриновски уште за десет лица Комисијата утврди дека  биле кодоши. И  нивните имиња и досиеја ќе бидат јавно објавени.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска