Излезе од печат второто дополнето издание на „Коментарот на кривичниот законик на Република Македонија“ од академик Владо Камбовски, во издание на „Матица македонска“.
Појавата на ова дело е од суштествено значење за правилната примена на законите и за ефикасно постапување во судовите, јавното обвинителство, адвокатурата, полицијата и другите институции што ги применуваат казненопоправните прописи. На страниците од ова дело авторот ги сублимира и ги коментира бројните измени на одредбите од КЗ од 2011 година до денес.
Коментарот е толковник, дело чија што главна задача е со примена на научниот метод да ги објасни и да им даде определено значење на позитивните законски норми, како и на одделните законски поими содржани во тие рамки.