А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Објавени предлог-критериумите за вработување 300 лица со инвалидност

by А1он16/10/2013 - 13:12135
Share0

Министерството за труд и социјална политика денеска на својата веб страница ги објави предлог-условите и потребната документација за најавеното вработување на 300 лица со инвалидност.

Добивај вести на вибер

Од Министерството информираат дека предлог критериумите се објавени јавно на www. mtsp.gov.mk со цел да се дадат предлози, сугестии или забелешки за нив и заради транспаретност на целиот процес.

Министерството ги повикува сите заинтересирани страни да се вклучат во овој процес и дадат свои коментари на  е-маил адресата [email protected] најдоцна до 20 овој месец.

Според предлог критериумите, на огласот може да се јават лица со оштетен вид, со оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, со телесна инвалидност, со пречки во менталниот развој, со комбинирани пречки и инвалиди на трудот.

Изборот на кандидатите ќе се врши согласно следните критериуми на бодирање: 40 бода за лицата со инвалидност кои најдолго се невработени, 30 бода за лице кое нема приходи, 20 бода за лице со инвалидност од домаќинство без приходи и 10 бода за лица со инвалидност од домаќинства во коишто има приходи и самохран родител, еднородителско семејство или домаќинство во коешто два или повеќе членови се лица со инвалидност.

При оцената на критериумот приходи на домаќинство ќе се земе состојбата на приходи на 1 јануари годинава.

– При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

vrabotuvanje

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 13:00

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Александар Тодески17/01/2024 - 10:16

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Горан Наумовски21/09/2023 - 14:00

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on15/08/2023 - 11:3915/08/2023 - 14:25

Владата преку Фонд за млади умови и засилена практична настава ќе ја зголемува вработеноста на младите

А1он08/09/2020 - 08:08

Заев: Нови 49.552 вработувања за две години

А1он12/08/2019 - 15:0412/08/2019 - 15:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен