Објавени листите за сместување во студентските домови, за бруцошите аплицирање од понеделник

Од:

Објавени се резултатите од конкурсот за прием на студенти  во државните студентски домови и други објекти за сместување кои се однесуваат на студентите од втора и повисоките години на студии.

– Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година, информираа денеска од МОН.

Аплицирањето за студентите од прва година ќе почне на 6 септември и ќе трае до 24 септември. За бруцошите предвидени се 1249 места во студентските домови.

– Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом, соопшти МОН.

Доколку по објавувањето на конечните списоци, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сé до целосното пополнување, најдоцна до 15 ноември.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар