Комисијата за верификации на факти денеска ги објави имињата на лустрираните на последната седница во понеделникот. Лустрирани се Љубомир Фрчковски, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, Ѓорги Тоновски, професор на Универзитетот ФОН и Петар Карајанов, поранешен секретар и претседател на Градскиот комитет на СКМ -Скопје.
На седницата во понеделникот Комисијата утврдила дека тие треба да бидат лустрирани и оти не смеат да извршуваат јавна функција.
Поранешниот министер Фрчковски е лустриран бидејќи според Комисијата за верификација на факти бил наредбодавател додека бил министер за внатрешни работи во периодот од 1992 до 1996 година.