Објавени дел од фаворитите на ДУИ, Теута Арифи не е на списокот

Од:

ДУИ и официјално објави дел од своите адути за локалната изборна трка.

Иако претходно беше објавено дека претседателството на ДУИ ја кандидира актуелната вицепремиерка за европски прашања, Теута Арифи за кандидат за градоначалник на Тетово, нејзиното име го нема во овој список.

На седница на Претседателството на централниот одбор на Демократската унија за интеграција, партијата одлучила на централниот одбор да му ги предложи следните кандидати за градоначалници. Арбен Лабуништа за градоначалник на Струга, Иџет Меџити во Општина Чаир, Брахим Ајвази на Арачиново, Хазби Идризи на Боговиње, Исен Асани на Теарце, Беким Мурати на Општина Сарај, Садула Дураку на Липково, Исмаил Јахоски на Пласница и Бајрам Кадриа за градоначалник на Општина Врапчиште.

Од ДУИ најавија дека останатите кандидатури ќе ги објават дополнително.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата