Објавени 36 основни и 13 средни училишта кои ќе се реконструираат со буџет од МОН

Од:

На 36 основни и 13 средни училишта под надлежност на општините и на Град Скопје им се одобрени барањата по јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од буџетот од Министерството за образование и наука, кое на својата веб-страница ги објави ранг-листите на проектите од прифатените апликации доставени до 15 април 2021.

На рангирањето општински основни училишта, со најмногу бодови е прифатена апликацијата за реконструкција на Подрачното основно училиште во село Радибуш во општина Ранковце, а меѓу 13-те средни училишта, со најмногу бодови е прифатено барањето за реконструкција и адаптација на објектот на СОУ „Ристе Ристевски-Ричко“ во Прилеп.

Според резултатите од јавниот повик што ги објави МОН, со пари од Министерството ќе се финансиираат различни реконструктивни зафати во училишта во населени места кои припаѓаат на општините: Крушево, Куманово, Новаци, Валандово, Свети Николе, Маврово и Ростуше, Кавадарци, Сарај, Берово, Радовиш, Гевгелија, во основни училишта во општините Ресен, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Илинден, Кочани, Делчево, Прилеп, Куманово, Гостивар и во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел и Аеродром.

Покрај СОУ „Ристе Ристевски-Ричко“ во Прилеп, на листата со прифатена апликација за реконструкција е и прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, а по две средни училишта на ранг-листата имаат и Битола (СОУ „Таки Даскало“ и „Д-р Јован Калаузи“) и Велес („Димитрија Чуповски / Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“).

Одобрени се и барањата за реконструкции на средни училишта во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Свети Николе, Кичево, Делчево и Скопје (гимназијата „Орце Николов“).

Јавниот повик беше објавен со цел да се подобрат условите и квалитетот на образованието, а средствата за оваа намена ќе се обезбедат од буџетот на МОН преку постапка за јавна набавка спроведена од Министерството.

Во јавниот повик беа наведени и критериумите за бодирање при рангирањето, според приоритетот/степенот на потребите за различни реконструкции во/на училишните објекти, а беше земен предвид и демографскиот фактор односно бројот на ученици во објектот, паралелките и смените за организирање на наставата.

Повикот не се однесува на финансирање проекти во случај на потреба за санација на училишните објекти предизвикана од виша сила (пожар, поплава, земјотрес…), за што е потребно итно и неодложно санирање. Исто така, право на аплицирање немаа училишни објекти кои се изградени пред повеќе од десет години.

Јавниот повик e отворен, без рок за поднесување на апликациите (барањата) и е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, а оценувањето (бодирањето) и рангирањето на пристигнатите апликации, според наведеното во Повикот, ќе се врши секоја година во неколку пресеци годишно.

Би можело да ве интересира

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето