Објавени 138 лица кои одбиле да го примат решението за самоизолација

Од:

Објавени се имињата на 138 лица кои одбиле да примат решение за изолација, проблем со кој се соочува Државниот санитарен и здравствен инспекторат во текот на пандемијата. Според списокот, најбројни се жители на Скопје, односно, 104 од нив одбиле да примат решение, оставајќи погрешна или лажна адреса. Потоа, следува Штип со 28 жители и Гостивар со четири жители.

Сите се објавени во дневниот печат после повеќе обиди да им биде доставено решението изготвено од инспекторатот.

Сепак, бројот на лица кои не примиле решение за задолжителна изолација е намален. Пред една недела, министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека 450 решенија не се поделени, а сега, објавени се само 138. Ова значи дека за седум дена, поделени се 312 решенија.

Филипче претходно потенцираше дека јавната објава на лица кои не седат во самоизолација е единствено решение за системот да се справи со овие граѓани, со оглед дека тие се огромен ризик ако се асимтоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе.

За дел од граѓаните, имаше обид да им се достават решенијата и преку пошта, но неуспешно.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска