Објавена книга по повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора

Од:

Институтот за јавни политики ја објави книгата „Montenegro at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (2006-2021)” по повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора и членството на земјата во Обединетите нации.

Автори на книгата се Неџад Мехмедовиќ, асистент-истражувач во Институтот за национална историја, и Фатима Салифоска, докторанд по меѓународни односи и дипломатија.

Книгата претставува зборник на официјални документи на англиски јазик од обраќањата на црногорските претставници на годишната генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Во зборникот се опфатени обраќањата на двајца претседатели на државата, четворица претседатели на владата и двајца министри за надворешни работи на Црна Гора во периодот од 2006 до 2021 година.

Како што соопшти Институтот за јавни политики, првиот примерок од книгата и е врачен на црногорската амбасадорка Марија Петровиќ, која во пресрет на Денот на независноста на Црна Гора ги примила во Амбасадата во Скопје авторот Мехмедовиќ и претседателот на Здружението на Црногорците во Македонија, Борис Попивода.

– Црна Гора прогласи независност на референдум одржан на 21 мај 2006 година. Резолуцијата за прием на Црна Гора во Обединетите нации ја донесе Советот за безбедност на седницата одржана на 22 јуни 2006 година. Генералното собрание на Обединетите нации на седницата одржана на 28 јуни 2006 година одлучи да го одобри приемот на земјата во Обединетите нации со што Црна Гора стана 192 членка на ООН, соопшти Институтот за јавни политики.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Црна Гора: Си го уби братот и внукот, убиецот е уапсен

Горан Наумовски

Акција на црногорската полиција, претреси во објекти на Звицер, водачот на Кавачкиот клан

Горан Наумовски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Поради пожар во Њивице во близина на Херцег Нови, туристите се евакуираат од хотелот со бродови

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари