Објавен повик за изработка нови идејни решенија за типски куќи

Од:

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на шест идејни решенија за изградба на објекти со намена за индивидуално домување.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од 50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2. Јавниот повик трае до 16 март 2016 година.

Откако ќе се изберат идејните решенија, ќе се изработат проекти кои ќе бидат објавени на веб страницата на Министерството за транспорт и врски од каде ќе може бесплатно да се преземат.
– Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување бесплатен проект за типски куќи,  овозможува субвенционирање од 900 до 2500 евра за изградба на куќа. Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.

Претходно Министерството за транспорт и врски изработи готови проекти за индивидуални куќи за домување со големина од 60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2. Сите граѓани кои се заинтересирани за готови проекти за типски куќи за индивидуално домување, имаат можност да ги превземат од веб страната на Министерството за транспорт и врски или да ги подигнат директно од просториите на Министерството.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза