Објавен повик за идејно решение за марина во Охрид

Од:

Министертвото за транспорт и врски  денеска објави јавен повик за изработка на идејно решение за надградба на градското пристаниште и изградба на нова марина во општина Охрид.
 
Се предвидува идејното решение за марината да се изработи на локација пред Центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција во Охрид, од каналот Билјанини извори во правец кон Горица.
 
Повикот ќе трае до 29 јануари до кога може да се достави  тендерската документација до Министерството за транспорт и врски. 
 
Проектот со идејно решение треба да содржи изградба на понтонски мостови со можност на поврзување на марината и градското пристаниште. Исто така, во идејното решение треба да се обезбеди место за приврзување на минимум 300 пловни објекти (глисери, јахти, едрилици и чамци) и паркирање минимум 10 бродови.

Во марината потребно е да се обезбеди комплетна комунална и електрична инфраструктура, да се обезбеди со опрема за заштита и спасување на вода, како и противпожарни хидранти, да се постави комплетна пловидбена сигнализација,  паркинг за возила и приколки од пловни објекти како и архитектурно решение за ресторан, сервис за пловила и продавница за наутичка опрема.

Тендерската документација може да се подигне од Министерството за транспорт и врски, а идејните решенија ќе можат да се доставуваат до 29 јануари следната година до Министертвото за транспорт и врски.
 
Јавниот повик е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки www.e-nabavki.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид