Објавен повик за дизајнирање лого за Фондот за Западен Балкан

Од:

Министерството за надворешни работи соопшти дека е отворен јавен повик за доставување предлози, односно за учество на натпревар за креирање на лого на Фондот за Западен Балкан.

Како што се наведува, Фондот е ново регионално тело кое е во процес на воспоставување од страна на владите на земјите од Западен Балкан со цел промовирање на меѓусебната соработка и заедничките вредности.

Повикот е наменет за сите студенти по графички дизајн или од друга слична област, а предвидени се и парични награди за првите три пласирани места соодветно од 500, 300, односно 200 евра.

Според наведените критериуми, на огласот може да аплицираат државјани на една од земјите од Западен Балкан со поднесување на само еден предлог, а сите кандидати треба да се над 18 годишна возраст.

Од Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги охрабруваат сите студенти по графички дизајн да се пријават на натпреварот.

Повеќе детали на линкот: http://mfa.gov.mk/index.php/mk/media-centar/soopstenija/2078-call-for-proposals-competition-to-design-the-western-balkans-fund-supporting-common-projects-logo.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов