Објавен оглас за распределба на 18 социјални станови во Ресен

Од:

Оглас за електронска распределба на 18 социјални станови лоцирани во зграда на ул. „Обиколна“ бр. 6 во Ресен објави денеска Министерството за транспорт и врски.
Станбено необезбедени жители на Ресен од седум социјално најранливи категории можат да поднесат апликација за стан до 14 јануари следната година.

Предност при добивање стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа, односно лица над 18 години кои до осумнаесеттата година биле згрижени во институции и други облици за згрижување деца без родители. Други категории кои можат да аплицираат се корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот стаус на нивните примарни живеалишта, инвалидни и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејство со инвлидизирани лица, припадници од ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.

– Социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп, рече на прес-конференција министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Становите се со големина до 55 метри квадратни. Изградени се од Јавното станбено претпријатие согласно програмата за изградба и одржување станови во сопственост на РМ. Закупнината за становите, како што информира директорот Цветко Грозданов, ќе биде минимална и во зависност од големината месечно ќе изнесува од 600 до 1.000 денари.

Потребната документација за аплицирање може да се поднесе во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Ресен. За лицата кои не се во можност сами да ја обезбедат документацијата тоа ќе го стори центарот за социјални работи.

Владата, потенцира министерот Мисајловски, е посветена на помош и згрижување на оваа категорија граѓани што се забележува преку бројот на изградени станови.
– Во изминатите години Владата изгради 678 станови во 13 општини само за социјално ранливите категории. Во тек е изградба на два објекта во Кочани со 43 станови и во Македонски брод со 10 станови. Во наредниот период планираме изградба на згради во уште неколку други градови. Во таа насока ќе продлжиме со истата политика на изградба на социјални станоци за да го подигнеме квалитетот на живот и да обебзедиме кров над глава на оние на кои тоа им е најпотребно, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза