Објавен конкурс за пилоти во АРМ

Од:

Министерството за одбрана денеска објави нов конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија.

На конкурсот може да се пријават сите млади лица до 27 годишна возраст, кои, како што соопштуваат од МО, ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на АРМ.

Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија, информира Министерството за одбрана.

Подетални информации за конкурсот се објавени на веб страните на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk и на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје www.ma.edu.mk.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски