А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Објава за отуѓување земјиште наменето за изградба на хотелски комплекси и деловни простории во Центар

by А1он02/08/2014 - 11:57134
Share0

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, со намена за изградба на хотелски комплекси и деловни простории во општина Центар, предвидени со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале“, Блок 2.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Станува збор за две градежни парцели, наменети за изградба на хотелски комплекси кои се со површини од 2.350 и 374.2 метри квадратни, чија почетна цена на електронското јавно наддавање ќе изнесува 61 денар од метар квадратен и една градежна парцела, наменета за изградба на деловни простории која е со површина од 2.447 метри квадратни и почетна цена на јавното наддавање од 6.000 денари од метар квадратен, информира Министерството за транспорт и врски.

Пријави за учество на наддавањето може да се достават најдоцна до 26 септември на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Јавните наддавања ќе се одржат по електронски пат на 30 септември 2014 година.

Право на учество имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавните објави може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk.

centargradeznistvo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:0418/08/2026 - 21:51

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:55

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 09:4314/08/2026 - 09:48

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео