Обиена спортска обложувалница во Тетово

Од:

Седум илјади евра штета и се нанесени на спортската обложувалница „Балкан бет“ лоцирана на улица „133“ во Тетово откако изминатата ноќ, во периодот од 22 до 9 часот, засега непознати сторители со употреба на тврд предмет, метална шипка или друго, извршиле оштетување во обложувалницата, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Непознати сторители, според него, го скршиле стаклото од влезната врата, а потоа оштетиле три плазма телевизори со различни димензии и два монитори, од кои едниот полуксузен и поскап, како и еден дигитален рисивер.

– Потоа тие незабележани од никого заминале причинувајќи вкупна материјална штета која, според сопственикот на објектот В.И.(24) од Струга, се проценува на околу 7000 евра. Извршен е увид, фотодокументирани се оштетувањата, подигнати се траги за вештачење и се работи на откривање на сторителите, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина