Обид за убиство во „Идризово“, прободен е затвореник кој во тешка состојба е однесен во болница

Од:

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба, 36-годишниот американски државјанин од Струга бил пренесен во болница. Тој е задржан на КАРИЛ, во тешка здравствена состојба. До инцидентот дошло откако претходно, затвореникот добивал закани во одделение каде бил сместен и истите според неофицијални информации, ги пријавувал до заповедникот и директорот Шпенд Тахири. Случајот е пријавен и во полиција, од каде вчера екипи правеле увид.

„Во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга“, велат од МВР за „А1он“.

Затвореникот кој сега е во болница, неофицијално, барал преместување од одделението каде бил, во друго одделение. За ова ја известувал Управата, а со тоа требало да биде известен и директорот Шпенд Тахири. Сепак, тие одлучиле да остане таму каде е веќе сместен.

Обидот за убиство со остар предмет доаѓа само еден месец откако во „Идризово“ имаше претреси и беа одземани недозволени предмети. По ова, беше разрешен тогашниот директор Реџеп Реџепи. Но и покрај претресите, ножеви и други недозволени предмети се уште има кај затворениците, покажува и овој случај. Засега нема реакција од Управата за извршување санкции, дали ќе побара одговорност и од новиот директор на затворот поради овој случај.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски