Обезбедувањето на Груевски не пуштило доставувач да му предаде покана за на суд

Од:

На денешната јавна седница во Апелацискиот суд за предметот „Титаник“, судијката Љиљана Ивановска-Шопова рече дека обвинетиот Никола Груевски бил повеќепати баран во неговиот дом, но доставувачот на поканата не бил пуштен од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Обезбедувањето одбило да ја прими поканата, а Груевски бил и телефонски повикан. Судот констатираше дека обвинетиот е уредно повикан на денешната јавна седница на која Апелациониот суд ќе расправа дали 1.000 прислушувани материјали ќе бидат доказ во постапката за предметот за изборни измами.

Во судницата присутни се ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

В.М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски