Обезбедени се пари за платите на пожарникарите

Од:

Обезбедени се финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон, како овластени службени лица од областа на безбедноста, а има и зголемување на средствата за плати на пожарникарите за 70 милиони денари за 2020 година, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставници на Независниот синдикат на пожарникари на РСМ.

Независниот синдикат беше предводен од претседателот Тони Бошковски, а на средбата присуствуваа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, како и посебната советничка на премиерот за правда, Тања Чачарова Илиевска.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирана потребата од донесување подзаконски акти и правилници за исплата на платите на пожарникарите, заради унифицираност на исплатата согласно законските прописи.

За таа цел, премиерот Заев најави работни средби со ресорната министреката за одбрана, Радмила Шекеринска и ЗЕЛС.

Денешната средба е оценета како добар основ за утврдувањето трајно решение за прашањето.

Би можело да ве интересира

Прилеп ќе ги награди пожарникарите за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ ги тужи пожарникарите додека тие го ризикуваат животот во гасење пожари, велат од СДСМ

Горан Наумовски

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

Пожарникари извлекоа паднат човек во реката Драгор

A1on

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

A1on