Обезбедени дополнителни слободни термини за прием на пациентите преку „Мој термин“

Од:

Електронскиот систем за закажување здравствени прегледи „Мој термин“ постојано се надградува и како што беше соопштено на денешната прес-конференција постојано се воведуваат одредени новини. Меѓу нив и обезбедувањето дополнителен број слободни термини за прием на пациенти на секундарно и терциерно ниво.

Милан Аризанкоски, одговорен за електронскиот здравствен систем „Мој термин“ изјави дека системот е во функција во Струмица, Богданци, Демир Капија, Штип, Пробиштип, Кочани, Берово, Делчево, Радовиш… и оти не е неизвесно неговото официјализирање, туку дека Министерството за тоа дополнително ќе ги извести граѓаните. Причина за проблемите во функционирањето на здравствениот систем што се појавија на 1 јули било преоптоварување на серверите.

Дополнителни термини за прием на пациенти за преглед и дијагностички процедури се креирани на секундарно и на терциерно здравствено ниво. Бројот на креираните термини на секундарно ниво пред десет дена изнесувал 226.422 термини за јули и 103.996 за август, додека со проширувањето на термините, за јули нивниот број достигна 240.000, а за август се обезбедени 140.000 слободни термини. Бројот на креирани слободни термини на терциерно ниво е зголемен за 20 отсто односно за нови 6.000 термини.

Формирана е посебна Проектна единица за национален систем за електрински евиденции во здрватсвото. Главни задачи на единицата се постојан мониторинг на практичната примена и имплементација на проектот „Мој термин“ во сите здравствени установи, мониторинг на цела хардверска инфраструктура и интернет конекција каде се поставени серверите на националниот систем, мониторинг, тестирање и сертификација на сите софтверски решенија што се актуелни во примерното, секундарното и терциерното здравствено ниво кои се интегрирани со националниот систем „Мој термин“ и техничка и корисничка поддршка за сите програмерски куќи кои се интергрирани со Министерството. Меѓу другото Проектната единица ќе ја опслужува и ќе биде поддршка за здравствените работници и пациентите на бесплатниот телефонски број (02)15 444.
Новини има и во поглед на контролните прегледи на пациентите.

Контролниот преглед ќе го закажува специјалистот што го прегледува пациентот. Доколку контролниот преглед е по 30 дена и има потреба од нов упат, специјалитот на го резервира потребниот термин и му го печати упатот на пациентот, кој пак треба да го завери кај матичниот лекар. За итните случаи нема потреба од упат. Министерството за здравство има подготвено осум посебни процедури за постапување во карактеристични случаи поврзани со „Мој термин“ кои ќе се применуваат во различни здравствени установи.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство