Обезбеден нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, наменет за пациентите на КАРИЛ

Од:

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

Со помош на овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и се во ризик.

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова Мијовска, вели дека досега овие зафати се правени механички со директна визуализација, а отсега тоа ќе се работи со овој порт, кој има мала камера и екран кој на анестезилогот и неговиот тим имаат комплетен увид како се прави зафатот.

„Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кој треба да им се се поставуваат тубуси. Поставувањето на тубусите е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат. Ова е навистина голема придобивка за сите, многу вреден апарат“, вели д-р Мојсова Мијовска.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните