(ВИДЕО) Обедниковска: Не ни сонував дека еден ден ќе живеам во диктаторско општество

Од:

„Досега за диктатурата само имам слушано, читано во книги и учебници. Но, не можев ни да сонувам дека еден ден ќе живеам во диктаторско општество. Не ни можев да сонувам дека во Македонија ќе владее тоталитарен режим – и тоа денес во 21 век“, рече Лилјана Обедниковска, член на ИО СДСМ Битола.

Најмалку, вели таа, можев да претпоставам дека тој режим ќе издаде наредба да се исфрлаат и малтретираат новинари . А ни на крај памет не ми паѓаше дека по наредба на тој режим подло и кукавички ќе се клоцаат, тепаат и влечкаат жени, мајки, сопруги, ќерќи, сестри .
Како ли само ќе се чувствуваа Груевски, Ставревски, Јанкуловска, ако така подло беа тепани нивните блиски.

„Трагедијата да е уште поголема, сеуште не е јасно, дали луѓето кои тепаа претеници и жени, беа собраниско обезбедување или платеници од ВМРО ДПМНЕ. Затоа почитувани граѓани, интелектуалци, жени, патриоти, демократи, немојте да дозволите овај тоталитарен режим да не уништи“, додаде таа.

Во продолжение рече, додека тие ги перат парите и ги носат во странски банки ние од ден во ден тонеме во апарија и сиромаштија. Нашите деца и покрај високото образование бараат работа, а неможат да се вработат бидејќи немаат партиска книшка од ДПМНЕ. Тие лутаат по белиот свет да бараат работа, а толку многу би сакале да останат овде и да творат. Затоа почитувани, Ве повикувам да дадеме силен отпор и вака заедно да се бориме за подобро утре.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад