Обединети за Македонија со писмено соопштение ја поздравија поканата од НАТО за Македонија.
„Ја поздравуваме одлуката, за отпочнување на преговори за приклучување на Република Македонија, кон алијансата, нагласуваме дека Република Македонија вложи, огромен напор, помина долг пат, но овој успех не смее да биде занемарен.
Секако дека прогресот не застанува овде, напротив ова треба да биде најсилниот стимул, за исполнување на конечните услови, до конечниот триумф. Македонија во НАТО, рамо до рамо со најголемите и најмоќните“ се вели во соопштението на Обединети за Македонија.