Одржувањето на Првата конференција со Европската Унија за почегок на преговорите за членство во ЕУ, означува отворање нова страница во поновата македонска историја, но и многу работа до целосна демократизација на земјата велат од Обединети за Македонија.
– Основата за процесот на зачленување во Европската Унија започна во 2001 година, за време на нашиот мандат кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ. Обединети за Македонија го честита почетокот на преговорите со Европската Унија на сите македонски граѓани! Ова е вековен сон на целиот македонски народ, да бидеме дел од европското семејство се вели во соопштението од партијата.