О. Центар: Партискиот јалов монолог покажува дека на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека ќе бидат поразени катастрофално

Од:

Во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, сместен во скапото барокно партиско седиште, нивните општински советници меѓусебно дискутираа на тема „Општина Центар стагнира, Жерновски доказ за неспособноста на СДС“, соопштуваат од Општина Центар.

„По сите правила, ако сакаа вистинска дебата а не еднопартиски нарачан монолог, требаше да биде поканет најповиканиот, актуелниот градоначалник Андреј Жерновски и нивните колеги од СДСМ. Со наменската и еднострана панел-дебата само ја потврдија добрата работа на градоначаланик Андреј Жерновски и локалната власт во Центар.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Богдановски не успевајќи да најде ниедна реална замерка ниту обвинување, кажа дека било неопходно да се направи социјална карта, да се види како стојат деловни показатели, односно да се лоцираат проблемите. Зачудува ваквиот став, бидејќи требаше да биде информиран дека Општина Центар во јануари 2016 година има изработено, испечатено и промовирано социјална карта на општината со сите неопходни показатели.

Колку “домаќински“ работеше ВМРО-ДПМНЕ, јавноста е добро информирана преку криминалниот проект „Скопје 2014“, до улиците кои за година до две моравме да ги реконструираме повторно, општинските туристички прошетки до Фиренца и Милано, вработување на гњурци и набавки да скапи свирчиња за споменици.

Со вакви празни партиски разговори, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека нема реален интерес за општината и знае дека тука битката за изборите е однапред изгубена.

Ако вистински сакаат да ја подобрат состојбата, треба да се соочат со фактите дека за 13 години власт и три градоначалнички мандати, не реализираа ниеден сериозен проект, не изградија ниту градинка ниту училиште, ниту пак понудија некој социјален проект. Сето ова, пак, беше реазлизирано од сегашната актуелната општинска гарнитура за само 4 години и тоа под силни опструкции и притисоци на власта. ВМРО-ДПМНЕ направи огромна штета во Општина Центар. Покрај скандалозните трошења за мегаломанскиот и криминоген партиски проект “Скопје 2014”, граѓаните го паметат ВМРО-ДПМНЕ по купените плацови на Груевски и по изборните фалсификати со гласачите на Пустец. На ВМРО ДПМНЕ им е јасно дека во октомври ќе бидат поразени катастрофално, а ваквите обиди преку панел дискусии да сменат нешто се јалови“ се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски