НВО Инфоцентар: Да престанат нападите врз активистите и новинарите!

Од:

НВО Инфоцентарот изразува голема загриженост и згрозување од вчерашниот физички напад врз активистот Славчо Димитров, од страна на непознато лице маскирано со качулка.

„Сведоци сме дека во Македонија, во само неколку денови, се случија серија закани и напади врз граѓански активисти и новинари. Речиси секојдневно активистите и новинарите добиваат вербални, но и физички закани за својот живот.

Овој чин на насилство врз Димитров претставува уште еден акт врз слободата на изразување во државава и недвосмислено го засилува чувството на несигурност и небезбедност на луѓето кои се критичари на политиките на актуелната власт.

Затоа, НВО Инфоцентарот упатува повик до надлежните институции и до власта, итно да ги преземат сите мерки за откривање на сторителите на овие напади и да го спречат подгревањето на атмосферата на линч врз граѓаните“, се вели во реакцијата на НВО Инфоцентарот.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво

Катерина Ѓуровски

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

Катерина Ѓуровски