НВО до ДКСК: Јавниот во обид да го контролира граѓанскиот сектор

Од:

Педесет и осум граѓански  организации од Македонијареагираат  до Државнaта комисија за спречување корупција поради новата обврска, и членовите на извршите органи на граѓанските организации до оваа Комисија да поднесуваат анкетни листови. Во ваквата нова предлог-законска измена на Законот за спречување судир на интереси, тие гледаат обид јавниот сектор да го контролира граѓанскиот сектор.

Во Државните програми, велат,  со Акционен план наместо зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата се утврдува, како што тврдат тие, потреба од менување на правната рамка за граѓанскиот сектор, со што би се наметнале нови обврски кои се спротивни на основната цел, улогата и активностите на граѓанскиот сектор ,  да биде контролор врз работата на јавниот сектор.

„За 58-те организации е нејасно врз основа на која анализа, препорака и/или компаративна практика ДКСК утврдила потреба да се воведе обврска за доставување анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси од страна на членовите на извршните органи на граѓанските оганизации. Активноста за пријавување на имотната состојба и судирот на интереси за членовите на извршните органи во граѓанскиот сектор (што би ги опфатило председателите, извршните директори и членовите на управните одбори) според Државните програми со Акционен план е спротивна на меѓународната регулатива од областа за спречување корупција, посебно на Конвенцијата на ООН против корупцијата“, стои  во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

A1on

Во Битола саем на невладини организации

Ана Ололовска

Невладини бараат оставка од Спасовски и од директорите на УБК и Агенција за разузнавање поради бегството на Груевски

Наум Локоски

Невладини организации бараат повлекување на предлог измените на Законот за јавни претпријатија

Ана Ололовска

Рашковски: Невладините треба да бидат финансирани од Владата, но не и купени со парите

Ана Ололовска

Граѓанските организации бараат да запре прогонот врз невладините

Наум Локоски