„Со влегувањето во Собранието на извештајот за работата на Специјалното обвинителство, владејачката партија пристапи кон спроведување на една невидена лакрдија. Иако Деловникот е сосема јасен дека Собранието може, но не мора, да стави на дневен ред извештај на било кој државен органи, додека тој што раководи со тој орган нема деловничка обврска да присуствува при евентуалното негово разгледување, стравот од сносење на правна и политичка одговорност за криманалот во изминативе десет години ги доведе во ситуација ВМРО-ДПМНЕ да ги игнорираат деловничките и законските одреди и да прават „театар“ во законодавниот дом.
ВМРО-ДПМНЕ со години избегнува да ги стави на дневен ред на собраниските комисии и на пленарна седница извештаите на Државниот ревизор, во кои се констатираат криминали и корупција во трошењето на буџетските средства од страна на државните институции со кои раководи нивен партиски кадар, како и опструкција на извештаите за работењето на државното јавно обвинителство, кои не можат да дојдат на дневен ред за дискусија пред пратениците, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски за неговиот распит бара затворање за јавнота на работата на Комисијата за прислушуваните разговори и нарачува затворени седници на Уставниот суд. И сега наеднаш, повикуваат на отчетност и законитост во разгледуавњето не извештајот на Специјалното јавно обвинителство – невидено салто мортале во ставовите и сваќањата на трансперентоста кај владејчка -партија.
Очигледно оваа последна собраниска „претстава“ не е насочена кон извештајот сам по себе, во кој се еведентирани истражни постапки за криминал и злоупотреби токму против највисокото раководство на партијата, туку кон целото Специјално јавно обвинителсто. Оваа собраниска „игра“ со Извештајот е само еден дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ за целосна дискредитација на Специјалната обвинителка во пресрет на можноста за сносење на конкретна, индивидуална и колективна оговроност за незаконско работење и корупција, спроведувани од страна на партиската врхушка. Нервозата и паниката во нивните редови, ги доведе во ситуација задоцнето да делат памет за демократија, транспарентност и отченост, да промовираат принципи во работењето кои им се туѓи и непознати, кои десет години континуирано ги погазуваат и негираат“, се вели во соопштението на НСДП.