(ВИДЕО) НСДП: ВМРО-ДПМНЕ сака да ги зашти своите бизнис интереси, а не црквата

Од:

НСДП реагира на, како што велат, бруталниот напад од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз Советот и Градоначалникот на Центар.

Владеачката партија не може да ја прифати реалноста и загубата во Центар на последните локални избори.

Кулминација, посочува НСДП, се достигна во моментот на ставање на дневен ред на седница на Советот на Општина Центар Одлука за поништување на 4-те ДУП- а и враќање во предходната состојба на истите.

„Владеачката партија со цел да ја запре седницата на Советот и да ги заплаши советниците, ги стави во функција своите партиски демонстранти кои веќе неколку дена дивеат и ја демолираат општинската зграда. Завчера советниците буквално беа опседнати од гневната толпа организирана од страна на власта. Се кршеа стакла, се фрлаа јајца и дрва врз општината.

– Во таа пресметка беа повредени советници .Целиот призор немо го посматраше полицијата која глумеше дека воспоставува ред, а всушност го штитеше грбот на демонстрантите на ВМРО ДПМНЕ“, изјави Соња Мираковска.

ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања против Градоначалникот и Советот на општина Центар ги вклучи и своите медиумски платеници и мегафони преку кои пласира невистини како што е и заканата дека Советот на Центар ќе донесе Одлука со која ќе се урне започнатата Црква Св. Константин и Елена што представува ноторна лага, затоа што во Одлуката јасно стои дека не се однесува на веќе започнатите објекти, посочи Мираковска.

„Но, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ точно знаат што прават и како најлесно може да се запалат страстите играјки си на картата на верските чуства. Вистинската цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ги зашти своите бизнис интереси и огромните профити кои треба да следат со изградба на планираните објекти.

– Ќе потсетам деталните урбанистички планови кои овој Совет ги враќа во првобитна положба се донесоа крајно нетрансарентно и без јавна расправа, спротивно на вољата на граѓаните на Центар“, рече Мираковска.

НСДП го повикува Никола Груевски јавно да се огради од нападите на демонстрантите над општинската зграда и Советниците на Општина Центар кои го имаат мнозинството во Советот и јавно да ги повика органите на прогонот да преземат мерки за откривање на идентитет на напагачите.

„Во спротивно остануваме на ставот дека целата организација е под негова диригентска палка и дека тој лично како Премиер ги злоупотребува сите механизми за вршење на притисок врз актуелната власт во Општина Центар“, смета НСДП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за обуки за жени и млади до 29 години

Мицевски: Граѓаните гледаат и следат кој што прави, кој што зборува и кој што работи

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ