НСДП: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот ако им се дадеше амнестија

Од:

Претседателот на НСДП Тито Петковски, потпретседателот Горан Мисовски и секретарот на партијата Кристијан Трајковски вчера во Кочани остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од третата изборна единица.

На регионалниот состанок се разговараше за престојниот референдум и за политичките и економските перспективи кои се отвроаат пред Македонија со зачленување во ЕУ и НАТО.

„Со затворањето на повеќе деценискиот спор за името со нашиот јужен сосед пред Македонија се отвора голема шанса да стане дел од семејството на ЕУ и НАТО. На тој начи преку стекнување на поглема стабилност и безбедност ќе се овозможи прилив на нови странски инвестии, отворање на нови работни места, поголем раст на платите и БДП“, рече Петковски.

Претседателот Тито Петковски потсети дека речиси сите влади досега преговарале за името, но никој досега немал храброст со тоа решение да се оди до крај.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано заговараше за ова прашање да се спроведе референдум и сега кога некој реши да ги послуша нивните повеќегодишни заложби истите тие повикуваат за бојкот, со што не и мислат добро на својата држава“, рече Петковски, притоа потенцирајќи дека постогнатиот договор со Грција е од големо значење и поради признавањето на македонскиот јазик и идентитет.

Потпретседателот на партијата и потпретседател на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски изрази оптимизам за усшеносат на референдумот.

„Интензивните средби со граѓаните, разговорите и размената на мислења со нив ми дава за право да речам дека граѓаните на Македонија ги разбираат придобивките од решавањето на спорот за името со Грција. Станува јасно дека поддршка е голема, Истокот го препрознава историскиот момент и подготвен е да даде позитивен одговор на референдумското прашање“, рече Мисовски, притоа истакнувајќи дека поддршката која ја имаме од целиот западен свет е поголема од кога било и не смее да се пропушти оваа можност.

Според Мисвоски, тоа што ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став е штетно за државата, а повиците за бојкот, кои доаѓаат од одредени маргинални политички кругови, се неодговерен и анти државен чин.

„ ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот ако им се дадеше амнестија. Како што беше додека беа на валста, така е и сега, своите лични интереси ги ставаат пред државните“, рече Мисовски.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Мисовски од конгресот на НСДП: Државата се движи во погрешна насока

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски