Централниот одбор на НСДП одржа седница на која се дебатираше за актуелната политичка криза и на која едногласно беа усвоени четири заклучоци:
-За да се спречи понатамошното пропаѓање на Република Македонија на внатрешен и надворешен план, неопходно е организирање на предвремени парламентарни избори.
-Опозицијата не смее повторно да влезе во замката на власта и да прифати датум за избори без да бидат исполнети условите за слободни и фер избори. Вообичаен редослед на активностите би бил итно исполнување на условите преку прочистување на избирачкиот список, започнување на реформи во медиумите, што меѓу другото подразбира и расчистување со криминалот и корупцијата за кои се говори во прислушуваните разговори. Од друга страна, тоа пак значи и обезбедување на непречена работа на СЈО и после тоа консензуално утврдување на датум за избори, точно онака како што побара германскиот дипломат Јоханес Хајндл.
-НСДП очекува дека по неуспехот на преговорите меѓу четирите поголеми политички партии, во преговорите треба да се вклучат и претставници на помалите парламентарни партии од власта и опозицијата. Се оглед на фактот дека две парламентарни партии излегоа од владнината коалиција, оценуваме дека на тој начин ќе се зголеми опозицскиот потенцијал во преговорите и ќе се зајакнат позициите наспроти трите партии(ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ И ДПА) како претставници на власта.
-НСДП изразува поддршка на условите и барањата кои ги испорачаа граѓаните преку Шарената револуција. Сметаме дека позитивна и демократска разврска на кризата можеме да очекуваме само ако веднаш запре прогонот кој го врши власта врз учесниците во протестите и Уставниот суд да се произнесе околу уставноста на СЈО.