НСДП најостро реагира на злоупотребата на полицијата за бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Уништувањето на зеленилото во Општина Центар е спротивно на волјата на граѓаните, јасно изразена на локалните избори оваа година. Во сите нормални европски држави отпочнувањето на градби на нови објекти е свечен чин и се одбележува со разни прогодни манифестации.
– Само во Република Македонија режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави со насилие, злоупотребувајќи ја полицијата која што ноќеска истовремено и апсеше и го осветуваше новиот објект во паркот кај хотел Бристол.
– НСДП ја повикува Владата на РМ да ја одложи изградбата на зградата на Советот за радиодифузија, како и сите друго објекти од проектот „Скопје 2014“ и со тоа на Општина Центар да и се остави време да организира референдум на кој граѓаните на Центар јасно ќе ја изразат својата волја, дали сакаат да живеат во општина со барокни згради или во општина со повеќе зеленило“, се вели во соопштението на НСДП.