НСДП: По аферата на Водно, стана јасно зошто власта сака „слободни финансиски зони“

Од:

„Мистериозните комбиња полни со функционери кои љубопитно далеку од очите на јавноста разгледуваат плацеви на Водно, шифрираните разговори на Премирот Груевски за парцелите на кои им „фрлиле око“ и „оф-шор“ компаниите од даночните раеви кои се јавуваат како купувачи на овие парцели, даде одговор на прашањето зошто власта толко упорно се залага за воведување на „Слободони финансиски зони“.

Идејата дека Македонија и нејзините граѓани ќе добијата економски и социјални бенефиции станува јасно дека е далеку од реалноста“, се вели во соопштението на НСДП.

„Мистериозните фирми, со непозната и сонителна сопственичка структура, од Белизе, преку Лугано завршиле на Водно. Дали позади најавите од власта дека слободните финансиски зони ќе бидат сместени во централното градско подрачје, се наоѓаат овие парцели, за кои Премиерот почувствувал дека дека треба лично да се ангажира за промени на деталните уранистички планови.

Намерата за уставно уредување на слободните финансиски зони, иако станува збор за материја која Уставно не би требала да биде регулирана, зборува за желби да се вооведе своевиден пралелен правен систем во кој нема да важат законите и правилата кои важат за граѓаните и останатите правни субјекти“, велат од НСДП.

„Не постои никакво разумно објаснување за сета оваа урбанистичка и уставна „гимнастика“ освен дека некој, некои од власта, преку мистериозни фирми регистрирани во Белизе и Лугано, се обидува да врати капитал нелегално изнесен од Македонија, и да добие своевидени устави гаранција дека истиот ќе оставен во сивата зона на „даночните раеви“, пишува во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ