Жалиме што останува условот за решавање на спорот со Грција, но сериозно сме загрижени поради воведување нови услови. Македонија доби нов услов воведување на тн. медиумска култура затоа што репутацијата на државата во делот на јакнењето на слободата на изразување и слободата на говорот е влошена, рече Горан Мисовски од НСДП.
Тој забележува исто така дека ЕК го констатира отстранувањето на опозициските пратеници и на новинарите со специјални полициски сили од собраниската сала на 24 декември.
Есенскиот извештај за напредокот на Реублика Македонија на ЕК ќе биде разгледуван и предмет на дебата во телата на Собранието.