НСДП: Опозицијата на изборите да оди со заедничка програма

Од:

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија-НСДП на вчерашната седница ја утврдил платформата за подготвување на програмата за предвремените парламентарни избори 2016 година, со што, како што соопштија денеска од партијата, се отворила внатрепартиска дебата околу програмските позиции на партијата. Од партијата сметаат дека опозицијата на следните избори треба да настапи со заедничка програма.

– Централниот одбор на НСДП оценува дека здружената опозиција на наредните избори треба да настапи со заедничка програма пред граѓаните на Република Македонија. Во таа насока, по завршувањето на внатре партиските дебати на партиите кои се дел од опозицискиот фрон,  НСДП смета дека треба да започне процес на програмско усогласување и утрвдување на приоритетит на изборната програма на здружаанта опозиција. За веднаш потоа, да уследи и процес на договарање и координација за коалиционен  настап и дејствување во рамките на предизборната кампања за парламентарните избори, кои треба да се одржат на 24 април наредната година, се вели во денешното соопштение од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ