НСДП: Оној од кого произлегуваа најбројните криминогени одлуки останува во својата фотелја

Од:

„Смената на министрите Јанкулоска и Јанакиески, како и оставката на директорот на УБК, Сашо Мијалков, претставува само своевиден „појас за спасување“ на премиерот Груевски од потребата да ја поднесе целосната одговорност за поведението на криминалниот и авторитарен режим во изминативе 9 години.

Оваа мини реконструкција на Владата не е доволно за за вистинска демонтажа на делегитимираниот систем на владеење и враќање на довербата во институции, бидејќи оној од кого произлегуваа најголемиот број на криминогени одлуки останува во својата фотелја“, велат, преку соопштение, од НСДП.

„Само оставката на Никола Груевски може да се толкува како вистински исчекор во надминувањето на политичката криза и почнувањето на процес, преку политички дијалог, за консолидација на државата и враќање на легитимитетот на државните политики.

Во спротивност, сите кадровски „освежувања“ можат да се толкуваат како своевидни тактички потези на промена на извршителите на наредбите за криминални активности, а не на наредбодавателот сместен во премиерската фотелја“, се вели во писменото соопштение на НСДП.

Би можело да ве интересира

Мисовски од конгресот на НСДП: Државата се движи во погрешна насока

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош