НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Од:

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Република Северна Македонија треба да изгради конечен став по финалниот „француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, од НСДП велат дека студиозно и аналитично го разгледуваат предлогот и повикуваат на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот.

Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побара: „Коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја“, извести НСДП.

„За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат “францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието.

Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското Собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во иднина.

За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание.

Во оваа насока НСДП особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.

НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог“, се наведува во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ