„Тезата дека во Македонија се подготвува меѓуетнички конфликт од страна на опозицијата, која премиерот Груевски вчера ја пласира на партискиот собир во Штип, зборува за радикланите сценарија на кој тој е подготвен за да се спаси себеси од политичката капитулација и нужната потреба од што поскоро негово заминување од политичката сцена. Говорот на Груевски не може поинаку да се разбере освен како реторичка увертира на еден авторитарен и корумпиран политичар во меѓуетнички конфликт, кој треба да ја покрие и релативизира политичката истрошеност и срушениот мит за чесноста на власта“, велат од НСДП.
„Криминалот, узурпираното судство, полициско-судските местенки на опозициски политичари, поткупените медиуми, уценетите бизнисмени, инструментализацијата на власта за задоволување на фамилијарните бизнис интереси, се проблемите кои премиерот се обидува да ги тргне од фокусот на јавноста со нејзино подготвување на меѓуетнички конфликт.
За НСДП е неприфатливо на длабоките политички проблеми со кои се соочува Македонија, под авторатарниот режим, да им се даваат етнички призвуци. Кримналот и корупцијата не се дел од ничиј етнички идентитет на било која заедница во Македонија, се покажа дека тоа се лични „квалитети“ на премиерот и обидите за нивна генерализација од негова страна можат Македонија да ја втурнат само во граѓанска војна“, се вели во писменото соопштение.