НСДП: (НЕ) Моралниот кредибилет на Трајко Вељаноски

Од:

Трајко Вељаноски нема морален кредибилитет да ги коментира постапките, на опозицијата, ниту пак капацитет да говори за извештајот на ЕК и напредокот на РМ во европските интеграции.

Во интервјуто за еден од македонските портали, осмислено во Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, а потпишано од Трајко Вељаноски, тој се обидува да се наметне на политичката сцена како фактор кој може да одлучи да се заканува на опозицијата со констатирање на оставки на пратениците чии што мандати, да потсетиме, се верификувани спротивно на Уставот на РМ.

Уште еднаш сакаме, човекот кој што на 24 декември 2012 година го прекрши Уставот и ги исфрли пратениците од собраниската сала, да го потсетиме дека оставките на пратениците од опозицијата се депонирани во Собранието на РМ пред четири месеци и може слободно по налог на неговиот шеф Груевски да закаже седница и да ги констатира истите.

РМ ниту ќе биде подемократска држава, ниту пак Трајко Вељаноски ќе биде почитуван претседател на законодавниот дом. Тендерската коалиција ќе продолжи да функционира исто како што си функционираше до сега, а граѓаните ќе бидат се посиромашни, Македонија ќе тоне во беда и сиромаштија, а младите масовно ќе се иселуваат од државата, реагира НСДП.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител